Ќе стои ли на јавно дадениот збор претседателот Пендаровски откако законските услови да се пушти парното греење ако температурите се на 12 степени се исполнети а оваа обврската во главниот град ја испочитува само топланата Скопје-Север.
Пендаровски претходно објави дека ако нема парно за граѓаните во знак на солидарнист ќе ги исклучи и радијаторите во неговата резиденција на Водно.
Од неговиот кабинет не открија дали денеска во резиденцијата на Пендаровски било исклучено парното во знак на солидарност.
Утринава само 500 домаќинства од Бутел, Чаир и Топанско се разбудија со топли радијатори. Парно таму ќе има и во наредните денови, информираше за Канал 5 директорот Куштрим Рамадани, кој вели дека има склучено договор за гас до крајот на годинава, но вели доколку државата не ги помогне финансиски ќе бидат приморани да ги запрат вентилите, бидејќи работат со загуба.
„РКЕ ни има одобрено цена со тоа и трошоци за гориво некаде 65 милиони денари, а нас со оваа цена сега што го купуваме гасот би ни требале 125 милиони денари. Вака грубо кажано купуваме со една цена, а продаваме со дупло пониска цена. Ако продолжи неколку дена вака ние ќе бидеме неликвидни и нема да може да снабдуваме со топлинска енергија.“ изјави за Канал 5 Куштрим Рамадани, директор на Скопје-Север АД.
Според информациите на Канал 5 со ладни радијатори се разбудиле и жителите на Железара кои ги снабдува ЕЛЕМ ЕНЕРГЕТИКА. А утрово не се стоплија ниту 60 илјади домаќинства кои се под капата на БЕГ, кое пак го презема ЕСМ, јавува Канал 5.
Повеќе детали на овој ЛИНК






