Кумашинот на Заев доби две обвиненија за криминал вреден околу 1,5 милиони евра

Кумашинот е еден од најблиските соработници на екс премиерот Зоран Заев доби две обвиненија од обвинителстовото за организиран криминал кои можат да го стават во затвор десетина години.



Екс генералниот секретар на владата се гони за еден криминален договор за консултантски услуги во врска со „Пошта“, а другото обвинение е исто така е за консултантски услуги, но за процесот на приватизација на „Железници“.

Мухамед Зеќири на функцијата генерален секретар беше назначен во ноември 2020 година, а дојде на местото на Драги Рашковски, против кого веќе се води судски процес за злоупотреба на службената положба и овластувања и перење пари во случајот со набавката на софтвери за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација.

Поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири доби обвинение за два договори што ги склучил додека бил на функцијата, а за кои во обвинението се тврди дека се направени спротивно на Законот за јавни набавки и дека со нив е оштетен државниот буџет за вкупно 89 385 255 денари (околу 1 453 418 евра).

Обвинителниот акт денеска до Основниот кривичен суд Скопје во поднесе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и паралелно побара продолжување на куќниот притвор.

Зеќири со обвинението се товари за повеќекратно извршување на кривичното дело злоупотреба на службената положба.

Првиот договор за кој се гони ексгенералниот секретар е за консултантски услуги во врска со АД „Пошта на Северна Македонија“, а за која постапка се осомничени и двајца хрватски државјани кои се недостапни за македонското обвинителство.