Хајредини до новата амбасадорка на САД: Вратете се дома ако не можете да се справите со ДУИ

САД ќе се обидат да нè спасат од корумпираните политичари, пишува ексминистерот за финансии Џевдет Хајредини кој смета дека овој план на Америка не може да се спроведе ако претходно Вашингтон не расчисти со корупцијата во ДУИ.



Хајредини за ДУИ зборува како за единствена партија која 20 години е на власт, а на новата амбасадорка во Македонија ѝ порачува да се врати во Америка ако не планира да расчисти со корупцијата во ДУИ.

„За граѓаните на Македонија, г. Анџела Агелер, подобро е да се вратите назад, ако не можете на некои наши политичари, кои со платени гласачи од државниот буџет 20 години се на власт, в лице да им кажете дека крадат од својот народ, како што се наведува во извршната наредба на претседателот Бајден и кажа Метју Палмер. Доста веќе, исто како ЕУ, само вербално да ја поздравувате и да ја поддржувате ‘борбата’ против корупцијата во нашата земја“, ѝ пишува Хајредини на амбасадорката Агелер.