Оставката на Милевски доставена до Собранието

Владата денеска ја испрати до Собранието оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски и таа е веќе доставена до пратениците.



Од Собранието информираат дека дополнително ќе известат на која седница ќе биде констатирана оставката на Милевски.

Досега во Собранието не е пристигнат предлог за избор на нов Министер за локална самоуправа. Според информациите од Либерално-демократската партија, за ова министерско место ќе биде предложен Ристо Пенов.

Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини.