Борисов не сака да биде премиер!?

Поранешниот бугарски премиер и претседател на победничката партија ГЕРБ на последните избори е подготвен да не биде кандидат за премиер кога партијата ќе го добие мандатот за формирање Влада.



Тој тоа го соопштил на брифинг во седиштето на ГЕРБ, што беше негов прв коментар по изборната ноќ.

„Овие избори покажаа дека народот никому не му дал право да владее самостојно. Народот рече – се’ додека сте во војна, најдете начин! Затоа што подеднакво страдаат сите гласачи кои стојат зад нас, зад нив“, изјавил Борисов.

„Не сакам да бидам министер, заменик, ниту премиер. Мојата морална победа е што ГЕРБ стана прва политичка сила“.

Но, тој повторно изјави, како и на денот на изборите, дека би било грешка партиските лидери да не учествуваат на власт, но бил подготвен на таков чекор во име на мирот.

„Ајде да создадеме контакт група на преговарачки тимови како во 90-тите, ќе поканам луѓе со беспрекорна репутација на најважната, антипутинска тема – Плевнелиев, Соломон Паси, и тие ќе водат круг преговори како модератори меѓу политичките партии“ вели Борисов.

„Сакаме реформа во која институциите ќе бидат уредени така што имињата не се важни“.

Лидерот на ГЕРБ се осврна и на социолошките истражувања кои покажуваат дека речиси 70 отсто од Бугарите не сакаат нови избори, туку формирање редовна влада.

„И да има избори, нема да се случи ништо поинаку – ќе се потрошат уште 100 милиони, а ќе нема парламент“, предвидува Борисов.