Ален Аспе (Франција), Џон Клаузер (САД) и Антон Цајлингер (Австрија) ја добија Нобеловата награда за физика, за достигнувањата кои „ја постави основата за нова ера на квантната технологија“, соопшти Нобеловиот комитет за физика.
Секој од научниците поединечно спроведе „револуционерни експерименти користејќи заплеткани квантни состојби, каде што две честички се однесуваат како една единица дури и кога се разделени“, рече Комитетот на брифингот.
Нивните резултати, се вели, го отворија патот за „нова технологија базирана на квантни информации“, пренесе Њујорк Тајмс







