Македонците од Голо Брдо гледаат спас во автопатот „Арбри“

Новиот автопат „Арбри“ од Тирана до граничниот премин Блато и натаму кон Република Македонија, да има крак и да ја поврзи и обласата Голо Брдо.



Тоа би им се помогнало на Македонците од овој дел на Република Албанија, бараат Македонско друштво „Илинден“-Тирана и огранокот на таа организација од Голо Брдо.

Во денешното соопштение, „Илинден“-Тирана бара од владите на Албанија и Македонија локалниот граничен премин Џепиште – Требиште, да биде повисоко рангиран, со што би се зголемила економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата.

Граничниот премин Џепиште – Требиште беше отворен во мај 2013 година како локален премин од трета категорија.

Македонско друштво „Илинден“ со својот огранок во Голо Брдо изразуваат загриженост за положбата на Македонците во областа Голо Брдо и очекува од владите на Албанија и Македонија да проговорат за ова на најавената средба во Поградец.