„Гаспром“: Запрено истекувањето гас од гасоводот „Северен тек“

Руската компанија Гаспром денеска соопшти дека притисокот во гасоводите „Северен тек“ е стабилизиран и дека гасот престанал да истекува од оштетените места на гасоводите.



„Притисокот во линијата А на Северен тек 2 и во двете линии на Северен тек 1 се стабилизираше по прекинот, истекувањето на гас престана“, објави Гаспром, а пренесе ТАСС.

„Гаспром“ соопшти дека работи на намалување на притисокот во линијата Б на гасоводот „Северен тек 2“.