Милорад Додик и Бакир Изетбеговиќ доживеаја дебакл на вчера одржаните избори во Босна и Херцеговина (БиХ).



Иако „вечниот“ Милорад Додик не сакаше да признае дека е поразен, кандидатот на ПДП и СДС Јелена Тривиќ синоќа ја објави победата на општите избори во БиХ за претседател на Република Српска и порача дека „ова е победа на нацијата“ и дека постигнатиот резултат е недостижен.

„Како што многупати реков, ова не треба да биде моја лична победа, ова треба да биде победа на Република Српска“, рече Тривиќи истакна дека овој „натпреварт“ беше најинтересен поради тоа што таа се натпреваруваше со Милорад Додик.