Ова го соопшти украинската прва дама Олена Зеленска.
„Денеска во Турција ја имав честа да пуштам корвета која ќе и служи на Украина и истовремено ќе има турско срце. Противподморничката корвета од класата Ада и наречена „Хетман Иван Мазепа“ ќе биде првиот брод од оваа класа на украинскатга Морнарица“, напиша Олена Зеленска на нејзиниот канал Телеграм.
Корветата од класата Ада ќе биде вооружена со сите постоечки видови ракети. Воениот брод треба да влезе во украинската морнарица во 2024 година.
На почетокот на јули претседателот Володимир Зеленскиј изјави дека Украина ќе добие сопствена воена корвета до крајот на 2023 година. Планирано е бродот да влезе во украинската морнарица во 2024 година.






