Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку Твитер им изрази јавна благодарност на девет земји од Централна и Источна Европа, меѓу кои и Македонија, за поддршката за членство на Украина во НАТО, како и за осудата за припојувањето украински територии од Русија.
Во истиот твит тој поединечно ги наброи претседателите на Црна Гора, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Чешка, како и на Македонија, Стево Пендаровски.






