ЛДП го предлага Ристо Пенов за министер за локална самоуправа

На синоќешната седница Централниот одбор на ЛДП го прифати предлогот Ристо Пенов да биде наследник на Горан Милевски на местото министер за локална самоуправа.



Пено е поранешен градоначалник на Скопје во два мандати, во 1996 и 2000 година, по завршувањето на градоначалничката функција, беше пратеник во Собранието, исто така со два мандати.

Милевски, пак, даде оставка од ова место на 20 септември и најави повлекување од лидерското место во партијата. Неговата оставка во јавноста се поврзува со неговиот став за Францускиот предлог, различен од оној што го имаше владејачката коалиција, чиј член е и неговата Либерално-демократска партија (ЛДП).