смета дека Руската војска во сегашна состојба речиси сигурно не може да делува со нукларно оружје иако историски ги обучувала своите единици да го прават тоа, проценува американскиот Институтот за проучување на војната (ISW).
„Хаотичното собирање на исцрпени војници, набрзина мобилизирани резервисти, регрути и платеници кои во моментов ги сочинуваат руските копнени сили не може да функционира во нуклеарно опкружување“, велат аналитичарите на американскиот тинк-тенк ISW, пренесува Индекс,хр.
Сите области опфатени со руско тактичко нуклеарно оружје би биле непроодни за Русите, што веројатно би го спречило рускиот напредок.
Успесите на Украина на бојното поле ги налутија сојузниците на Путин, како што е Рамзан Кадиров, лидерот на јужниот руски регион Чеченија, кој рече дека верува оти Москва треба да преземе „подрастични мерки“, вклучително и „употреба на нуклеарно оружје со ниска издашност“.
Други високи функционери, вклучително и поранешниот претседател Дмитриј Медведев, сугерираат дека Русија можеби ќе мора да прибегне кон нуклеарно оружје.






