Во Бугарија денеска се одржуваат вонредни парлементарни избори, на кое учествуваат 22 партии и 6 коалиции.
Прогнозите се дека во идното Народно собрание ќе влезат помеѓу 6 и 8 партии што одново ќе го отежни составувањето на стабилна влада.
Според анкетите, убедлив победник ќе бида партијата ГЕРБ на екс-премиерот Бојко Борисов.
Вкупниот број на кандидати на листите е 6.624 лица – лицата кои се борат за 240-те пратенички места во 48. Народно собрание. Од нив 1.954 се жени, а 4.670 се апликации на мажи.
Бугарските државјани во странство можат да го остварат своето право на глас во 62 земји во 755 делови.
Најмногу гласачки места се отворени во Турција – 166, во Велика Британија – 126, во Германија – 77 и Шпанија – 65.
Први денеска гласаа Бугарите во Нов Зеланд, а потоа и во Австралија.
На 1 август, претседателот Румен Радев закажа парламентарни избори за 2 октомври 2022 година и назначи техничка влада со премиерот Галаб Донев, по распуштањето на 47. Народно собрание, кое го означи првото успешно гласање за недоверба во современата политичка историја на Бугарија. бидејќи коалициската влада отслужи мандат од само 7 месеци.
Минатата година Бугарите гласаа дури три пати, а само еднаш на редовни избори.






