Нова крајно критичка анализа на поведението на премиерот Ковачевски кое кулминираше на последната прес конференција.
По Сашка Цветковска од ИРЛ и Билјана Секуловска – Ива од проектот ,,25 Минути” и новинар на ТВ24 со тешки оценки за премиерот кој се однесуваше крајно непристојно и понижувачки кон новинари но и целата јавност.
,,Погледнете го само премиерот со каков презир се обраќа кон новинарите на последната прес конференција што се однесуваше на енергетската криза- дали тие, нивните медиуми знаеле воопшто дека има криза, дека има војна во Украина, ги прашува со омаловажување неговата светост, премиерот Ковачевски.

Само на еден политичар можам да се сетам како се однесувал вака со новинарите – Груевски. Мислам дека тоа би му било доволно, како сознание како треба понатаму да комуницира со новинарите, затоа што тој презир на неговото височество Ковачевски е најдобриот пат за неговата иднина”, пишува Секуловска за Ковачевски предвидувајќи му црна иднина до која води презирот.
Предходно и Цветковска од ИРЛ имаше слична оценка за премиерот.
Истражувачка новинарка за Ковачевски: Арогантен, дрзок, фалбаџија, лаже и навредува






