Во своето денешно соопштение СДСМ тврди дека Ковачевски ги покачува пензиите, кои оваа година наводно биле поголеми за 10%.
Во партиското соопштение се тврди дека Владата на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се грижи за сите пензионери и во услови на криза продолжува покачувањето на пензиите а од почетокот на годината пензиите на сите 330.000 пензионери се поголеми за 10 отсто.
СДСМ тврди дека во просек сите пензионери со просечна пензија добиле по 20 евра зголемување а тие се поголеми пензии и повеќе.
,,Согласно новата методологија, пензиите годинава се покачени во два наврати, во септември за 6,8 отсто и претходно во март за 2,9 проценти.
На ниво на просечна пензија само со последното покачување од 6,8% значат дополнителни 1.200 денари месечно плус за пензионерите кои примаат просечна пензија а повеќе и за оние со над просечната пензија”, стои во соопштението на СДСМ од каде велат дека ,,се очекува наредното зголемување на пензиите во март идната година да изнесува околу 6 проценти, со што пензиите во период од 12 месеци, ќе се искачат за околу 16 отсто”.
За разлика од партијата од каде се тврди
дека благодарение на одговорните политики на СДСМ денес пензискиот фонд е стабилен, пензиите растат и се исплаќаат навремено, пензионерите тврдат дека најголем дел од нив не можат да врзат крај со крај и дека најголем број добиваат минимална или многу ниска пензија.
СДСМ не зборуваат за огромната инфлација која ,,ги јаде” пензиите е која е поголема од зголемувањето.





