Ф.Ј. (38) од Куманово е лишен од слобода затоа што со остар предмет нападнал и повредил медицинска сестра на Инфективното одделение во Општата болница Куманово, завчера после полноќ, соопшти МВР.
Според информациите од кумановската болница, медицинската сестра била нападната додека ги извршувала своите работни задачи во амбуланта, кога од зад грб и пришол напаѓачот и и ставил чаршаф на главата. Потоа почнал да ја дави и да ја удира. Таа паднала на подот, по што тој и ја затнал устата со рака за да не може да вика. Ги зел ножичките за сечење газа од бирото и ја прободел во левото рамо и по вратот, по што жената се онесвестила, објави Фактор
Откако сето ова го слушнале нејзините колешки и отишле да видат што се случува, ја нашле на подот со чаршафот на глава во бесознание. Откако ја освестиле веднаш повикале полиција и го алармирале обезбедувањето. Насилникот во меѓувреме побегнал.
Не е познато како тој влегол во зградата, бидејќи влезните врати на одделнијата се заклучуваат на полноќ, а што точно се случувало ќе утврдат безбедносните камери во болницата.







