По масакрот врз цивилен конвој утринава во Запорожје, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини руските сили за кои ги нарече дека се „крвожедни ѓубриња“.



Ракети биле истрелани врз хуманитарен конвој кој требало да се движи кон окупираните територии со цел да ги евакуира цивилите и да достави помош.

Проруските сепаратисти тврдат дека украинската армија е одговорна за нападот.

Во нападот загинаа најмалку 23 цивили, а околу 30 се ранети.

„Терористичката држава истрела ракети врз цивилното население во Запорожје, Миколаив и Днепропетровск. Ги напаѓа украинските региони со ракети и беспилотни летала“, објави Зеленски.

„Окупаторите истрелаа 16 ракети во регионот на Запорожје во едно утро. Тоа го можат само терористите на кои им нема место во цивилизираниот свет. Непријателот е бесен и бара одмазда за нашата упорност и сопствените грешки“, се вели во соопштението на Зеленски.