Продадена вила на екс-СФРЈ во Њујорк – колку ќе ќари Македонија?

За 50 милиони долари била продадена една од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година.



Веста ја објави Волстрит џурнал, а ја пренесе Нова.рс

Според договорот за сукцесија, Македонија ќе добие 8 проценти од вредноста на вилата или 4 милиони долари.

За вилата во Њујорк, резиденција на поранешната југословенска мисија во Обединетите нации, на престижната Петта авенија на Менхетен,(која досега ја користеше и Постојаната мисија на Србија во ОН), како продавачи се петте држави наследнички на поранешна Социјалистичка Федеративна Република ЈугославијаСФРЈ , Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија.

Вилата е купена од компанија со адреса во Њујорк.