Протести во Рим, Милано и во други градови се одржаа вчера во одбрана на правото на абортусот, за кои многумина стравуваат дека ќе биде загрозено од крајнодесничарската партија Италијански браќа, која се очекува да ја формира следната влада по водењето на парламентарните избори, јавува Асошиетед прес.



Носејќи плакати на кои пишуваше „Моето тело – мој избор“ и „Безбедно за сите“, повеќе од илјада луѓе маршираа во знак на протест од римската област Есквилино и барем исто толку од централната станица во Милано.

Маршовите беа дел од националните акции со цел да се испрати порака до Џорџија Мелони и нејзината партија Италијански браќа дека демонстрантите нема да поддржат какви било промени во законодавството од 1978 година познато како Закон 194 со кое се гарантира пристап до абортус.

Протестите се совпаднаа со Меѓународниот ден на безбеден абортус.