Кремљ денеска ги опиша како „глупави“ тврдењата дека Русија некако стои зад евентуален напад на гасоводите „Северен тек“, пренесува „Ројтерс“.



Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека инцидентот треба да се истражи и дека временската рамка за поправка на оштетените гасоводи е нејасна.

Запрашан за тврдењата дека Москва некако би можела да стои зад можниот напад, Песков рече: „Тоа е сосема предвидливо, а исто така и предвидливо глупаво“.

„Тоа е голем проблем за нас бидејќи, како прво, двете линии Северен тек 2 се полни со гас – целиот систем е подготвен да пумпа гас, а гасот е многу скап… Сега гасот оди во воздух, “ објасни тој.

„Пред да имаме какви било тврдења, треба да се почека истрагата за причините за пробивите, дали имало експлозија или не“, нагласи Песков и додаде дека информации за инцидентот може да се очекуваат од Данска и Шведска.

Операторот на гасоводот Норд стрим АГ вчера објави дека три од четирите морски линии на Северен тек претрпеле „невидена“ штета за еден ден. Ниту еден од цевководите „Северен тек“ не испорачуваше гас до моментот на инцидентот.