Апасиев ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК

„Денес Левица поднесе предлог за поднесување граѓанска иницијатива за референдум. Народот треба да го има зборот кога станува збор за прашања од национален интере“с, изјави Апасиев.



Левица најави целосна блокада на Собранието, доколку собранискиот спикер Талат Џафери ја одбие и оваа Иницијатива.

Од партијата велат дека имаат договор со ВМРО-ДПМНЕ и, како што најави пратеникот од редовите на Левица Борислав Крмов, „заедно ќе доведеме до целосна парализа на Законодавниот дом“.

Претходно собранискиот спикер Талат Џафери ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ.

Џафери: Референдум нема да има

Најмалку сто потписи се потребни за да може Иницијативата да се достави и во Парламентот.