Еден месец нема ни трага, ниту глас од триесет и две годишна мајка и нејзината 7-годишна ќерка од Куманово. Сабина и Елиф ги бара семејството преку социјалните мрежи, но и на терен, а во потрагата се вклучени и МВР и Обвинителството, објави МКД.МК.



За мајката и ќерката постои сомнеж дека се убиени, но овие информации не се официјално потврдени бидејќи не се најдени тела.

За случајот МВР има распишано потерница за Дехран К. (42) од Куманово кој бил невенчан сопруг на Сабина и со кого таа живеела.

Семејството на мајката вели дека се надеваат оти се живи, но сепак како поминуваат деновите, велат поголем им е стравот дека им се случило нешто лошо, а за тоа вината ја префрлаат на невенчаниот сопруг. 

Последен пат Сабина и Елиф контактирале со семејството на 28 август, годинава. Таа претходно била во брак со таткото на Елиф, но по разводот тој заминал за Германија, а таа живеела со Дехран К. кого полицијата го бара. Цел месец никој ниту ги чул, ниту ги ведел, а трага нема ниту од невенчаниот сопруг.

Апел за помош во потрагата е испратен и преку социјалните мрежи каде е оставен телефонскиот број 078 234-029 за сите граѓани кои имаат било каква инфорација за Сабина и Елиф.