Македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски доби условна казна од шест месеци, откако во јуни годинава го подметна пожарот во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.
Алабаковски, кој призна вина за делото, е осуден на алтернативна условна осуда со казна затвор од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело.
Тој се согласил на ваквата казна, а како што јави „Нова Македонија“, по пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.







