Лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски вели дека владејачкото мнозинство во Собранието е стабилно.
Премиерот ова го изјави одговарајќи на новинарски прашања дали е стабилна Владата и дали има опасност од губење на мнозинството во Собранието откако неколку пратеници на ДУИ најавиле отцепување од партијата.
„Нема опасност од губење на мнозинството во парламентот“, истакна Ковачевски.
Изјавата на премиерот доаѓа откако пред неколку дена актуелни и поранешни функционери од ДУИ до медиумите лиферуваа реакција со незадоволство за состојбите во партијата, а на списокот беа потпишани и двајца пратеници.
Во врска со состојбите во ДУИ, од Владата посочуваат дека станува збор за внатрепартиски работи, коишто Владата нема да ги коментира.







