Одбива да и држат лекции: Макрон го доби најопасниот противник во битката за тронот на ЕУ (ВИДЕО)

Доколку идната италијанска премиерка Џорџа Малони не го промени ставот за францускиот претседател Емануел Макрон на повидок е сериозна дипломатска и политичка битка меѓу официјален Париз и Рим која може да има сериозни последици врз иднината на ЕУ.



Ако Малони не ги повлече зборовите упатени кон Макрон лани во Мај и на некој начин не се извини или ги премости разликите со францускиот претседател, ЕУ под водство на Макрон добива сериозен предизвик да функционира со една моќна членка која има поинаква визија за континентот од таа на Франција.

Макрон кој во моментов е најмоќниот политичар во ЕУ заедно со германскиот канцелар Шолц, во Малони добива противник за целосна контрола на процесите во унијата.

Италија е трета економска сила во Европа.

Пред 16 месеци Малони на партиски митинг директно одговори на обвинувањата од Макрон по што почна вербалната војна која засега нема изгледи да запре.

Откако Макрон ја прозвал Малони и нејзината партија дека се одвратни, неодговорни и цинични идната Италијанска премиерка го одржа говорот кој значително и го зголеми рејтинот и делумно ја донесе на власт поради што сега многу тешко може да се повлече од кажаното.

Во одговорот Малони на Макрон му порачува дека цинични се тие што ја бомбардирале Либија затоа што се плашеле дека Италија ќе добива енергетски бенефиции од Гадафи а сега Италија е оставена да се бори со бегалскиот хаос.

Според неа одвратна е Франција затоа што ја експлоатира Африка со печатење пари за 14 екс француски колонии и за тоа скапо им наплатува.

За неа е цинични и детскиот труд и одземање суровини од африканските рудници во Нигер од каде Франција добива 30 проценти од ураниумот за нејзините нуклеарни централи додека 90 проценти од луѓето во Нигер живеат без струја во домовите.

,,Не ни давај лекции Макрон, вие сте причината зошто Африканците бегаат во Европа. Решението не е да дојдат Африканците во Европа туку да се ослободи Африка од некои Европјани”, му порача Мелони на најмоќниот човек во Европа кога беше во опозиција.

Ќе има ли сила сега да се повлече од своите позиции или дополнително ќе ја радикализира битката со Макрон и ЕУ засега никој нема одговор.

Говорот на Мелони упатен до Макрон на англиски јазик кој е разбирлив дури и за тие што не разбираат италијански или англиски.

На почетокот на говорот Мелони цинично го имитира Макрон.