Ќе добијат ли работниците зголемување на платите согласно растот на минималецот?

Сојузот на синдикати на Македонија чека да биде повикан на прво рочиште откако на 1 септември поднесе пријава до Основниот граѓански суд со барање да се поведе постапка против Владата поради непочитување на Законот за минимална плата кој предвидува усогласување на платите на сите останати вработени во јавниот сектор онаму каде што државата е работодавач.



Претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференција денеска рече дека на суд ќе ги изнесат нивните докази дека работниците се оштетени со тоа што не им се зголемуваат платите за 18,4% согласно Законот за минимална плата.

На истекот на законскиот рок од шест месеци за усогласување на сите плати со порастот на минималната, која во март беше зголемена на 18.000 денари, Димовски одговарајќи на новинарски прашања рече дека издејствувале зголемување на палтите со потпишување колективни доовори во јавни комунални претпријатија во дел од општините, но не успеале, рече, во институците кои се под капа на државата и Владата.

За новата методологија која се спомнува во изминатите месеци, рече, не се известени, а смета и дека методологија веќе постои во Законот за минималната плата. Средби со претставници на Владата ССМ немал од 1 мај, кога разговарале со вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката Јованка Тренчевска за линеарно солидарно зголемување на платите од 2.806 денари.