Илјадници Руси кои сакаа да избегнат мобилизација за војната во Украина бегаат во соседната Грузија.



Новиот бран руски емигранти кои пристигнуваат во таа кавкаска земјапристигнуваат во колони автомобили долги околу дваесет километри, со велосипеди, а некои дури и пешачат километри до граничниот премин, пренесе Индекс.хр.

Речиси 50.000 Руси побегнале во Грузија во првите четири месеци од војната, објави грузискиот завод за статистика во јуни. Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Во истиот период, уште речиси 40.000 избегаа во Ерменија, уште една популарна дестинација за која на Русите не им се потребни визи.

Руските власти во саботата за првпат признаа дека значителен број луѓе ја напуштаат земјата.

Локалното Министерство за внатрешни работи во руската област што граничи со Грузија соопшти дека на патот се формирала колона од околу 2.300 автомобили кои чекаат да стигнат до границата.

Само во текот на изминатиот викенд 17.000 руски граѓани заминале за Финска, додека соседните балтички држави ги затворија границите за тие што бегаат од мобилизацијата која е во тек.