„БЕГ“ контра Владата: Немаме законска обврска да испорачуваме топлинска енергија на скопјани

„БЕГ“ контра Владата, односно контра изјавата на вицепремиерот за економски прашаеа Фатмир Битиќи. Од компанијата велат дека ниту имаат законска обврска, ниту можност да сиспорачуваат топлинска енергија на скопјани. Посочуваат дека по одземањето на лиценцата на 20 јуни имале законски рок да ја извршува дејноста кој исеткол и во кој период се направени ремонти. Договорот за закуп на топланите „Исток“ и „Запад“ со „Адора“ е раскинат а договорот со ЕСМ е истечен.



– БЕГ – Производство имаше законска обврска да продолжи да ја извршува дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен. Во овој период БЕГ Производство продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите. БЕГ Производство нема правна основа за користење на топланите, бидејќи Договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара примопредавање на истите. На 20.06.2022 година РКЕ донесе решение за престанок на лиценцата на БЕГ – Производство. Во врска со договорот за деловно – техничка соработка помеѓу БЕГ – Производство и АД ЕСМ сакаме да ја информираме јавноста дека овој договор беше со важност до 31.03.2022, односно истиот е истечен, соопштија од БЕГ.

Се понеизвесно е како ЕСМ ќе испорача топлинска енергија за скопјани со оглед дека грејната сезона почнува на 15 октомври.