Членови на ,,Огнената група” со обвинување за Груби: ,,Штетникот”, се слика на настани што не му се работна задача

Насловната фотографија е снимена на годишнина од формирањето на Агенцијата за национална безбедност



Главна цел на таканаречената ,,Огнена група” која ја преводи Изет Меџити а во која се неколку високи актуелни и екс функционери мери на ДУИ е политичка елиминација на вицепремиерот Артан Груби.

Членови на оваа фракција во ДУИ тврдат дека тој е најголемиот штетник во албанскиот кампус затоа што моќта што ја има Груби е на штета на демократските процеси во Македонија и меѓу Албанците.

Тие тврдат дека генерално како вицепремиер наместо да работи тоа што треба, прави многу работи кои не се дел од неговата задача како втор човек во владата.

Членови на ,,Огнената група” препорачуваат да се отвори официјалниот службен профил на Груби на Фејсбук за да се види што всушност работи вицепремерот за политички систем и односи меѓу заедниците.

И навистина ако се отвори Фејсбук профилот на Груби ќе се види дека малкуте активности кои тој ги објавува немаат директна врска со неговата позиција во владата.

Средби со амбасадори, партиски колеги, присуство на културни настани па дури и промоција на проекти на свои сопартијци се меѓу настаните кои Груби ги промовира како негова главна политичка активност.

,,Ако сака да се среќава со функционери на ДУИ нека земе партиска функција, наместо да биде втор човек во владата. Ако сака да се занимава со култура нека биде министер за култура а не вицепремиер за политички систем”, вели за expres.mk еден разочаран член на ,,Огнената група” која инсистира на заминување на Груби од владата за да се демократизира ДУИ.

,,Додека младите Албанци од Липково, Сарај, Тетово, Струга и Гостивар секојдневно заминуваат кон Европа без намера да се вратат, Груби води политика штетна за Албанците”, вели истиот член на фракцијата во ДУИ кој тврди дека овој пат нема да има компромис се додека не заминат Груби и ,,таквите како него кои гледаат само за личниот интерес а не за Албанците во Македонија”.

Линк до Фејсбук профилот на Груби и до неговите активности како вицепремиер во владата

https://www.facebook.com/ArtanGrubi