Бојкотот на изборот за нов шеф на внатрешната контрола во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е најголемиот судир во македонските тајни служби тврди Александар Николовски, пратеник и член на собраниската комисија за контрола на службите за безбедност.
Тој во емисијата Еспресо со Љупчо Златев и Ивица Боцевски открива што е позадината на на судирот во СДСМ за контрола на АНБ.
Николовски открива како АНБ ја злоупотребува својата законска позиција и зошто цели 14 месеци шефот на АНБ Виктор Димовски кој сега заминува за амбасадор во Париз не предложил именување на втор човек во агенцијата.
Николовски откри га зошто власта го бојкотираше предлогот на Виктор Димовски за шеф на внатрешна контрола, зошто 14 месеци ова место стоело празно и зошто баш сега се дава предлог и како функционирала АНБ без соодветна внатрешна контрола ?
На прашањето дали АНБ ја злоупотребува моќта Николовски вели дека АНБ подолг период се злоупотребува.
,,Злоупотребувана е и во владата на ВМРО ДПМНЕ, аврши многу лошо со едно масовно прислушкување и еве гледам дека овие од СДСМ како добри наследници и ученици на претходниот директор на УБК продолжуваат да ја злоупотребуваат АНБ”, вели Никовски во емисијата.
Делот од емисијата за судирот во СДСМ за АНБ од 51 минута во видеото.






