За да заштедат граѓаните, талкаат од маркет до маркет и бараат да купат поевтино, пишува порталот „Пари“ кој направи анализа, за колку се зголемени цените на основните производи од почетокот на годината до август..
Во јануари литар масло за јадење беше 100 денари, сега е 142 денари. 10 јајца се продава за 82 денари, сега се 145. Килограм кравји кашкавал чинеше 314 денари, во август се продаваше за 529. Септември се уште не е завршен, но цените не го следат трендот на светските берзи , каде полека се стабилизираат, туку, напротив, продолжија да растат.
„Сите штедат, па дури и ние – продавачите. За сите е скапо. Веќе е секојдневние наместо на кило, овошје и зеленчук да се купува на парче, вели продавач на зелено пазарче. Доаѓаат и бараат 2 јаболка, 2 лимона, 300 грама ориз. Но ги разбираме. Платите се ниски, цените до плафон“, велат продавачите.






