Анексијата на Украина би значело крај на сите дипломатски преговори со рускиот претседател Владимир Путин, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американскиот телевизиски канал Си-Би-Ес.
Неговото предупредување доаѓа додека продолжуваат референдуми на окупираните украински територии, повикувајќи ги жителите да гласаат за приклучување кон Русија.
Референдумот може да „доведе до многу трагични моменти“, нагласи Зеленски, додавајќи дека руските сили се заканија дека ќе ја исклучат електричната енергија и ќе ги затворат локалните жители за да ги принудат да учествуваат на, како што ги нарече Зеленски „псевдореферендуми“.
Ако референдумите поминат и Русија изврши анексија, Украина нема да може да продолжи никакви дипломатски преговори со Путин, беше категоричен тој.
Според Зеленски, стабилноста во Европа е невозможна додека Путин останува на власт.







