Екс советник на поранешниот министер за финансии од СДСМ Драган Тевдовски обвинува дека провладин медиум не сакал да му објави веќе направено интервју затоа што во него тој благо ја критикувал владата.
Финансискиот експерт Бранимор Јовановиќ кој беше дел од шарената револуција што ја уриваше владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2015-16 година откри дека без објаснување интервјуто со него во кое тој ја критикува владата на СДСМ и ДУИ било ставено ,,во бункер”
,,Денеска ми се случи нешто многу непријатно. Медиум од Македонија, со кој секогаш имав добра соработка во минатото, побара интервју со прашања зошто ја напуштив државата, како е да се живее во Виена и други теми.
Откако ги испратив моите одговори, кои беа благо критички настроени кон владата и политичката ситуација во земјата, тие рекоа дека не можат да го објават интервјуто, без да дадат објаснување” објави Јовановиќ.
Јовановиќ кој сега работи во Австрија знае дека ситуацијата во државата не е одлична, но ова што му се случува надминува се што можел да замисли.
,,Тоа многу потсетува на она што го правеше претходната влада. Би сакал да бидам бесен, но едноставно не можам. Можам да бидам само тажен. Многу, многу тажно”, пишува Јовановиќ кој не го открива името на медиумот.






