Абазовиќ против Ѓукановиќ: 30 години сме заложници на тој човек

Техничкиот премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ. смета дека во Собранието треба да се изгласа иницијативата за разрешување на претседателот Мило Ѓукановиќ.



Тој за „Гласот на Америка“, по неговото прво обраќање пред Генералното собрание на ОН, изјави дека на овој начин парламентот треба да испрати јасна порака за тоа што мисли за претседателот на државата.

„Тоа е многу важна политичка порака, дали може да се операционализира поради ваквиот Уставен суд, тоа сега е сомнително прашање за адвокатите, но дефинитивно 30 години бевме заложници на еден човек и сега треба да продолжиме да бидеме заложници“, додаде Абазовиќ.

Дефинитивно мораме да имаме избори“, рече Абазовиќ и изјави дека мнозинството ќе одлучи кога ќе се одржат.