Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров им испрати порака на Русите кои ја напуштаат земјата поради најавата за делумна мобилизација.
„Зборувам со вас девијантни. Можете да смислите различни изговори, можете да кажете дека не ја поддржувате сегашната политика. Можете исто така да измислите бајка дека идејата за војна и концептот на оружје ви се туѓи или дека едноставно не прифаќате насилство.
Кадиров веќе нема да му дава чеченски борци на Путин
Но знајте дека вие сте само кукавици, предавници и луѓе од втор ред“, рече Кадиров порача Кадиров на Телеграм.
„Кога на државата и треба твојата поддршка и те повикуваат на војна, а одбиваш, кој си ти? Не, не си благодарен на државата и лојален бранител на народот. Ти си прост плашливец, роб на душата , ги напуштате роднините, пријателите, познаниците, домот, градот. Никакви оправдувања нема да го исперат овој ваш срам. Дури се плашите да ја признаете својата кукавичлук“, рече чеченскиот лидер.







