Иранскиот претседател Ебрахим Раиси не се појави на долго планираното интервју со новинарката на Си-ен-ен, Кристијане Аманпур, откако таа го одби неговото барање да носи шамија за време на интервјуто. Раиси ја замолила Аманпур да и ја покрие главата со шал непосредно пред почетокот на интервјуто, а таа учтиво одбила, пренесе Си-Ен-Ен.
Аманпур, која порасна во иранската престолнина Техеран и течно зборува фарси, рече дека ја носи шамијата додека е во Иран за да се усогласи со локалните закони и дека ако не ја носи шамијата, нема да може да функционира како новинарка.
„Овде, во Њујорк, или на кое било друго место надвор од Иран, никогаш ниту еден ирански претседател не ме прашал, а јас го интервјуирав секој ирански претседател од 1995 година, да носи шамија. Многу учтиво одбив во мое име и во име на новинарките ширум светот, бидејќи тоа не е услов“, рече Аманпур.
Иранскиот закон бара од сите жени да носат покривки за глава и широка облека на јавни места. Правилото се спроведува во Иран од Исламската револуција во 1979 година и е задолжително за секоја жена во земјата, вклучително и оние кои ја посетуваат земјата.







