НАТО ги осуди плановите на Русија за одржување референдуми во окупираните региони на Украина и ги повика сите земји да ги отфрлат, како што вели, „очигледните руски обиди за територијално освојување“.



„Лажните референдуми во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон во Украина немаат легитимитет и се грубо кршење на Повелбата на ОН“, се вели во соопштението на Организацијата на Северноатлантскиот договор.

„Сојузниците на НАТО нема да ја признаат нивната нелегална и нелегитимна анексија. Овие територии се Украина“, се вели во соопштението од Алијансата.