Универзитетската професорка Јадранка Мршиќ, во интервјуто за „Слободен печат“ вели дека погрешна е перцепцијата дека ќе има „рекордно зголемување“ на септемвриските пензии.
Всушност, објаснува Мршиќ, станува збор за законско усогласување, со кое треба да се одржи вредноста на пензијата.
„Најавеното зголемување на септемвриските пензии од ПИОМ е врз основа на нивно усогласување со порастот на трошоците на животот и на просечно исплатената плата, што е во согласност со последните измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Погрешно е толкувањето дека пензиите се „зголемуваат“, всушност се врши усогласување на нивната економска вредност што опаднала во претходниот период заради зголемување на цените и во однос на платите кои растеле во тој период.
Некому 699, некому 4.099 денари: Колку ќе се зголемат пензиите
Од тие причини различен е апсолутниот износ на пораст на индивидуалните пензии затоа што целта на усогласувањето е да се одржи вредноста на пензијата што е утврдена при остварување на правото на пензија, а не таа да се зголеми.
Со усогласувањето не се врши корекција на висината на стекнатата пензија која е утврдена врз основа на висината на платите што пензискиот осигуреник ги примил во текот на работењето“, објаснува професорката Мршиќ за Слободен Печат.






