Кадиров веќе нема да му дава чеченски борци на Путин

Лидерот на Чеченија, кој важи за верен сојузник на Владимир Путин, изненади многумина кога рече дека во Чеченија нема да има мобилизација.



Кадиров во гостување во една телевизиска емисија изјави дека Чеченија „го исполнила планот за 254 отсто“.

Според него, досега во војната во Украина заминале 20.000 Чеченци, поради што смета дека Чеченија повеќе од ги исполнила сите планови.