Македонија со премиер кој нема ниту ,,половина лајк на час”

И покрај големата ,,ботовска бригада” на СДСМ за која зборуваше сопственикот на Time.mk , премиерот Димитар Ковачевски добива исклучително мала поддршка за неговите јавни ставови на социјалните мрежи, особено на Твитер.



Во Македонија има околу сто илјади активни корисници на Твитер, огромен дел од нив порано беа поддржувачи на СДСМ но сега Ковачевски како еден од најмоќните фактори во земјата не добива ни проближно сериозна поддршка на оваа влијателна социјална мрежа.

На твитот од Њујорк дека Македонија е функционална држава Ковачевски добил само 16 допаѓања за период од 36 часа што не ниту пола лајк на еден час.

На некои од твитовите има и само по 3 лајка.

Оваа поддршка е далеку помала од таа што ја добивал Зоран Заев или било кој друг македонски премиер или лидер на партија од кога пред десетина години социјалните мрежи станаа релевантни за мерење на популарноста и довербата во лидерите.

Коментарите од граѓаните за твитовите и фејсбук статусите се посебна приказна за која Ковачевски треба сериозно да размисли.