Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 704 теста, а регистрирани се 57 нови случаи на Ковид-19. Од нив во Скопје – 39, Велес – 4, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Неготино – по 2, Радовиш и Штип – по еден.
Од вкупниот број позитивни (57), регистрирани се 12 реинфекции.
Регистрирани сe 90 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица.







