Комапнијата „Стопанска лизинг“, во 100 процентна сопственост на „Стопанска банка“ АД Скопје, од денеска е присутна на македонскиот пазар со понуда на финансиски и оперативни лизинг производи за физички лица и компании.
Жарко Кржаловски, директор на „Стопанска лизинг“, на отворањето на просториите на компанијата во центарот на Скопје, истакна дека лизинг пазарот се збогатува со нов финансиски партнер на компаниите и физичките лица, поддржан од брендовите Стопанска банка и Групацијата на НБГ.
– Ќе се погрижиме во иднина на нашите клиенти да им овозможиме поголеми можности за финансирање, пред се, на финансиски и оперативен лизинг, кои ќе бидат застапени како производи. Ќе бидеме застапени во сегментот на автомобилската индустрија, камиони, приколки и автобуси, како и опрема, а во иднина сакаме да го развиеме и делот на недвижностите. Исто така, ќе се трудиме нашите производи да ги развиваме за потребите на клиентите и на пазарот, изјави Кржаловски.






