Телевизискиот водител Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит во објавата на денот на Фејсбук го коментира ставот на Министерството за одбрана дека е воена тајна здравствената состојба на сегашниот премиер Димитар Ковачевски врз основа на која во 2001 година бил ослободен од служење воен рок поради трајна неспособност.



„А бе сите одговараат, освен тој што лажел за да не служи воен рок и комисијата која ‘му завршила работа’. Држава во која е воена тајна дека премиерот е лажго е трајно и крајно неспособна држава“, реагира Илиевски за изјавата на военополитичкиот аналитичар Благоја Марковски дека „кривично одговара и тој што го дал, и тој што го презентирал документот за трајната неспособност на Ковачевски“.