Судир во СДСМ за предлог на шефот на најмоќната македонска тајна служба

Пратениците во Собраниската комисија за надзор кои се од редовите на СДСМ денеска го бојкотирале шефот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски.



Пратениците на СДСМ кои треба да вршат надзор врз АНБ денеска не се појавиле на седницата на комисијата за да дадат согласност за предлогот за нов шеф на внатрешна контрола во АНБ.

Која е причината за бојкотот на пратениците од СДСМ на шефот на тајната служба засега не е познато.

expres.mk предходно објави дека кандидатот на Димовски е контроверзна личност.

Повеќе за кандидатот поради кои пратениците на СДСМ го бојкотирале Димовски

Шефот на АНБ номинира висок функционер оперативец кој се пресметуваше со демонстранти од ВМРО-ДПМНЕ