Се проценува дека едно лице умира од глад на секои четири секунди, предупредија во вторникот над 200 невладини организации, повикувајќи на решителна меѓународна акција за „завршување на спиралната глобална криза со глад“, објави Франс прес
Во отвореното писмо упатено до светските лидери кои се собраа во Њујорк за Генералното собрание на Обединетите нации, 238 организации од 75 земји, вклучително и Oxfam, Save the Children and Plan International, изразија револт поради зголеменото ниво на глад.
„Неверојатни 345 милиони луѓе сега доживуваат акутен глад, бројка што е повеќе од двојно зголемена од 2019 година“, се вели во соопштението.
„И покрај ветувањата од светските лидери дека никогаш повеќе нема да дозволат глад во 21-от век, гладот повторно е неизбежен во Сомалија. Низ светот, 50 милиони луѓе се на работ на глад во 45 земји“, велат тие.
Истакнувајќи дека се проценува дека околу 19.700 луѓе умираат од глад секој ден, невладините организации рекоа дека тоа значи дека на секои четири секунди умира по едно лице од глад.








