Професорката Мирјана Најчевска реагира на Фејсбук на информацијата дека Документот објавен од ВМРО-ДПМНЕ за Ковачевски е строго довберлив и дека Министерството за одбрана ќе отвори постапка за одговорност..
„Очекував дека при објавата на една ваква информација ќе се најде некој кој ќе прочита што пишува во неа и ќе го спореди напишаното барем со Законот за класифицирани информации.
СТАНУВА ЗБОР ЗА ЗАПИС НАПРАВЕН ПРЕД 22 ГОДИНИ, пишува Најчевска и објаснува:
Според член 18 од овој закон:
“Создавачот на класифицираната информација означува временски период или настан до кој информацијата не може да биде рекласифицирана или декласифицирана.Временскиот период или настанот до кои информацијата не може да биде рекласифицирана или декласифицирана не можат да надминат период од десет години, освен ако на информацијата не и е потребна подолготрајна заштита определена со овој или друг закон.
“Според членот 19:
“…Класифицирана информација со степенот „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ се разгледува и оценува во период не подолг од пет години за да се оцени потребата од натамошно задржување на класификацијата.
“Според членот 20:
“Информацијата која е одредена со степен на класификација нема да се смета за класифицирана информација ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка“.
Навистина не очекувам од кецарошите од ВМРО ДПМНЕ да читаат закони, ама од правната служба во едно министерство, од некои новинари и од сериозни невладини организации очекувам, објави Најчевска на Фејсбук.









