Шефот на АНБ номинира висок функционер оперативец кој се пресметуваше со демонстранти од ВМРО-ДПМНЕ

Шефот на Агенцијата за национална безбедност во заминување Виктор Димовски го предлага за шеф на внатрешна контрола на агенцијата контроверзниот Златко Николовски, регионален началник на АНБ – Битола.



Извори во АНБ кои со децении работат во службите за безбедност тврдат дека Николовски не смеел ни да биде номиниран за важната функција во агенцијата ниту пак да биде избран.

За него постојат две сериозни пречки:

Николовски важи за човек кој отворено ја штител СДСМ поради што ќе биде одбиен од опозицијата заради негов партиски ангажман за СДСМ во Битола.

Инцидентот со Николовски во кој тој прашува луѓе каков приватен муабет воделе меѓу себе е снимен и објавен од медиумите. (ПОДОЛУ ВО ТЕКСТОТ)

Втората причина зошто според искусни оперативци на АНБ Николовски не треба да биде избран на моќната функција шеф на внатрешна контрола е што само тој и уште еден началник во АНБ не се наградени со плакета за денот на АНБ.

Недобивањето на плакета од АНБ кога сите други добиле може да значи дека Николовски не ги извршувал професионално обврските како регионален шеф на агенцијата и затоа сега е недозволиво тој да биде номиниран за важната функција, велат изворите кои потсетуваат на инцидентот во Битола во кој бил вклучен Николовски.

По најава на статичното обезбедување на СДСМ дека членови на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ се ближат до местото каде што Радмила Шеќеринска требало да држи говор, Началникот на АНБ во Битола Златко Николовски ги запирал членовите на УМС иако за тоа немал законска можност.

Иако знаел дека нема овластување тоа да го прави и откако му е предочено дека не смее да им ги одзема транспарентите, напомош на Николовски му доаѓа полицаец, и ги евидентира членовите на УМС.

Во видеото со началникот на АНБ во Битола Златко Николовски се гледа како тој во улога на партиски шеф на обезбедување се кара и пробува да им го одземе транспарентот на членови на УМС ВМРО ДПМНЕ од Битола за време на изборна посета на Шеќеринска на овој град, објавија пред две години медиумите.

Видеото на овој линк