Алтернатива тврди дека Сали и Алити нема да бидат сменети

Нашите министри Беким Сали и Адмирим Алити се меѓу најуспешните министри во целата Влада, информираат од Алтернатива откако во јавноста се појавија шпекулации дека токму министерот за здравство и министерот за информатичко оштество и администрација наскоро ќе бидат симнати од функцијата како дел од најавената мини-реконструкција на Владата.



„Нашите министри Беким Сали и Адмирим Алити се едни од најуспешните министри во целата Влада. И затоа не гледаме никаква причина за отворање на вакви теми“, велат од Алтернатива.

И лидерот на партијата, Африм Гаши, утрово за Сител потврди дека не се точни овие информации.