Министерството за одбрана доцна синоќа објави дека ќе поведе интерна истрага за тоа кој ги објавил документите на социјалните мрежи според кој премиерот Димитар Ковачевски е прогласен за „трајно неспособен“ да биде воено мобилизиран за време на воениот конфликт во 2001, објави Фактор



Според министерството, се работи за „строго доверлив“ документ кој протекол од архивите.

„Документот кој е објавен на социјалните медиуми и презентиран од политичка партија, по првичната проверка претставува документ кој во документација на Министерството за одбрана и Армијата првично е заведен како документ со печат „воена тајна“, а подоцна по носењето на Законот за класифицирани информации, добива класификација „строго доверливо“.

Министерството за одбрана, согласно своите надлежности, постапувајќи по Закон и штитејќи ги интересите на државата и на граѓаните, отвора постапка за утврдување на одговорност за несовесно ракување и неовластено објавување на документи со класифицирана содржина.